ВМРО-ДПМНЕ од денеска започнува со протести
– Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со најавените тематски граѓански протести.
Протестот најавен за вечер со почеток во 18 часот е против поаскапувањето на струјата.
Според најавите, протетсот ќе почне пред зградата на Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.
-Имаме скапа струја, а сиромашен народ, и тоа е првата причина поради која ќе протестираме и поради која ќе излеземе со свои барања. Да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во понеделникот, најавувајќи ги протестите.
Ги повика сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци оти е време за обединување и надминување на разликите против оваа власт, која, како што рече, продолжува да се богати врз грбот на народот.