ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да манипулира, Владата веќе ги зголеми пензиите за 5000 денари
СДС ја измами секоја категорија на граѓани во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега преку вакви прес-конференции повторно се обидува да манипулира со фактите.
Кога станува збор за пензионерите, СДС ги занемаруваше оние со најниски пензии.
ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми пензиите на пензионерите за за 5.000 денари линеарно и ова важи за сите пензионери, во една година.
Во моментов Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на анализа за да ги зголеми повторно пензиите, оваа есен по 1000 денари, а и 1000 денари дополнително на пролет. Тоа се уште 2000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредниот период. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски и ќе биде реализирано веќе за следното есенско покачување на пензиите.
Пензионерите ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се потврдува и со чекорот што Партијата на пензионерите го напушти Филипче, и премина на страната на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е и повеќе од јасно дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своите ветувања“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: fokus.mk