ВМРО-ДПМНЕ: Заев да го стопира пописот, така ќе спречи смрт на околу 2400 лица од корона

„Во услови на пандемија и кризна состојба во Македонија, Заев е решен да спроведе попис. Целта му е само една – реализирање на меѓупартискиот договор.

Здравјето на граѓаните воопшто не му е во фокус. Заев не гледа дека сите земји ги одлагаат пописите, ниту ги слуша препораките на Евростат кои велат – внимавајте пандемија е, не е време за попис“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак, владата Владата, одлучно, со целиот капацитет кој го нема, ќе спроведува попис на населението! Во вакви епидемиолошки услови пописот треба да се стопира!

Опасноста од спроведување попис е голема! Невакцинирани попишувачи ќе значат масовно ширење на вирусот и потенцијални 2400 жртви само од пописот, а според проценките ќе се инфицираат околу 50 илјади лица.

Не успеаја да набават ниту вакцини, па барем попишувачите кои ќе одат од дом во дом да бидат вакцинирани. Доколку имате малку памет, прекинете ја постапката за попис на населението.

Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close