Во Албанија за еден ден 61 новозаболен од 355 тестирања

 

Во Албанија во последните 24 часа бројот на новозаболените лива од вирусот Ковид 19 е 61 од вкупно 355 тестирани . Регистрирани се и 2 лица кои починале од Коронавирус.

Албанското министерство за здраство и социјални работи   соопшти дека најголемиот број на новозаболени се повторно во Тирана како и во туристичките градови Драч и Валона . Истиот извор наведува дека во втората фаза продолжува да е голема бројката на лица со Ковид 19   а како главни прилини се наведуваат непочитување на мерките за заштита како и непочитување на протоклите од страна на угоистителските објекти .

Весникот ,, Дита ,, информираше дека според официјалните информации на Министерството од почетокот на пандемијата на Ковид 19 во Албанија заклучно со денешниот ден се регистрирани 2330 болни додека бројот на тестирани лица е 25.,918 . Истиот извор додава дека бројот на починатите од овој вирус е 53.

Албанскиот премиер Еди Рама се закани  синоќа дека ако продолжи големиот број на заболени ке ги врати повторно мерките на владата за заштита од Ковид 19.

 

КМ

Back to top button
Close