Во Авганистан убиен директорот на независно тело за набљудување на избори
– Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети во бомбашки напад во Кабул, додека со друга престрелка денеска е убиен извршниот директор на независно тело за набљудување на изборите во Авганистан, соопштија локалните власти.
Главниот портпарол на полицијата во Кабул, Фердавас Фарамарз изјави дека вооружени лица го застрелале и убиле Мохамад Јусуф Рашид, извршен директор на невладиниот Авганистански форум за слободни и фер избори (ФЕФА).
Нападот се случил додека Рашид утрово одел кон канцеларијата на ФЕФА во Кабул, а неговиот возач бил ранет и пренесен во болницата.
Во друг напад во Кабул експлодирала бомба, а целта било полициско возило. Во нападот е убиен еден полицаец, а двајца се повредени.
Досега никој не презеде одговорност за нападите