Во Британија 22.885 нови случаи на коронавирус, 367 починати

Обединетото Кралство денеска регистрира 22.885 нови случаи на коронавирус и 367 смртни случаи поврзани со Ковид-19, покажуваат денеска владините податоци.

Ова е скок во споредба со вчерашните 20.890 нови позитивни случаи.

Вкупниот број на пријавени случаи во таа земја е 917.575, додека 45.365 лица починале од почетокот на пандемијата. 

Back to top button
Close