Во Италија рекордни речиси 22.000 новозаразени

Италија во изминатите 24 часа регистрираше 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на епидемијата во земјата.

Министерството, исто така, соопшти дека од Ковид-19 починале уште 221 лице, за разлика од 141 вчера, со што за првпат во Италија се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи во еден ден од средината на мај.

Во Италија од ковид-19 починале вкупно 37.700 лица, а досега се регистрирани 564.778 заразени.

Северната провинција Ломбардија, со финансискиот центар Милано, сè уште е најтешко погодена, и денеска се пријавени 5.035 нови случаи. Втора најтешко погодена е јужната провинција Кампанија, која денеска регистрира 2.761 случај.

Back to top button
Close