Во израелски напади во Појасот Газа 41 лице загина, од кои 29 во близина на центарот за дистрибуција на храна во Рафа
Во израелски напади низ Појасот Газа 41 лице загина, од кои 29 во близина на центарот за дистрибуција на помош на Хуманитарната организација за Газа во Рафа, соопштија претставници на палестинските болници.
Инцидентот се случил во близина на локацијата на организацијата, каде луѓето се собрале во обид да добијат основни прехранбени производи, објави Ал Џезира.
Според проценките, од крајот на мај, околу 900 лица починале во слични околности додека чекале помош, повеќето од нив во близина на пунктовите за дистрибуција на храна.