Во Кина 15 нови случаи на коронавирус, од кои 13 се увезени
Во Кина се евидентирани 15 нови случаи на коронавирус, додека претходниот ден имало 23, соопштија здравствените власти. Се наведува дека ќе се интензивираат напорите да се спречи внесување во земјата на новата варијанта на коронавирус што се шири во Велика Британија.
Од новите позитивни случаи, 13 биле увезени и два се со локална трансмисија во североисточната провинција Лиаонинг.
Во Кина се пријавени 17 асимптоматски случаи на инфекција, кои Кина не ги вбројува во потврдени.
Од почетокот на пандемијата во Кина, имало вкупно 86.867 случаи на коронавирус, а 4.634 лица починале.