Во Куманово нема новозаболени од Ковид-19, оздравени 15 лица

– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа не регистрира новозаболени лица, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се вкупно 15 лица. Директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи информира дека се извршени 27 тестирања од кои 20 по „Мој Термин“, а седум тестирања биле извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.540 случаи. Во моментов активни се 248 случаи.

Back to top button
Close