Војна кај народниот правобранител – замениците го обвинуваат омбудсманот Мемети за деспотизам, тој вели 5 месеци не доаѓаат на работа
Вработените во институцијата Народен правобранител на Република Северна Македонија, чија основна функција е заштита на правата на сите граѓани, бараат некој да ги заштити нивните права, како што велат, од деспотизмот на Омбудсманот Иџет Мемети. Таму со месеци има војна меѓу Замениците што ги избра Собранието и поголемиот дел од вработените од една, и Омбудсманот Мемети од друга страна.
Со месеци му пишуваат, незадоволни од кратењето на нивните права дадени со закон и за омаловажувачкиот однос што наводно го имал подолг период кон сите.
САКАМДАКАЖАМ.МК ја слушна и страната на Мемети, кој остро се спротивстави на поплаките на замениците и на вработените во институцијата, нарекувајќи ги мрзеливи неработници.
Најголемиот судир е меѓу Заменикот-народен правобранител Јован Андоновски и Мемети, кој неодамна своеволно му ги одзел надлежностите, му го одзел правото на потпис и го ставил обичен службеник-извршител. Замениците ги бира Собранието и тие имаат речиси исти законски надлежности како Омбудсманот.
Повеќе тука.