Во поплавите во Турција настрадаа шест, а за исчезнати се водат десет лица

Шест лица загинаа, а десет се водат за исчезнати во поплавите во северниот дел на турскиот црноморски  брег.

Поплавите се предизвикани од неколкудневните поројни дождови, што се необична појава за овој дел од Турција, пренесува агенцијата Анадолија.

Граѓаните самостојно ги отстрануваат штетите од поплавите, а екипите за спасување постојано трагаат по исчезнатите лица.

Неколку патни правци се блокирани, а во електрична мрежа има чести прекини.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека поплавите предизвикаа значителна штета врз локалната инфратструктура. Властите соопштуваат дека досега се спасени 157 лица и дека се прават максимални напори за оспособување на 83 сообраќајници во регионот.

Back to top button
Close