Во Велес и Велешко годинава нема заболени од туберколоза

Според податоците од Анти туберколозното (АТ) одделение  при велешката Општа болница, оваа година нема заболени од туберколоза од Велес и Велешко, но затоа има еден заболен 44 годишен маж од Свети Николе и 46 годишен маж од Неготино, кои се лекуваат преку ова одделение, каде се вклучени и пациенти од соседните општини од Повардарието, информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на Општа болница Велес.

Под мотото „Време е за свет без туберкулоза“ Црвен крст и  Општинска организација Велес во периодот од 14 до 21 септември 2020 година  ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза.

Како што информира за  МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес, поради пандемијата на Ковид-19 годинава изостана предавањата на тема туберколоза.

Тој  појасни дека затоа  кампањата која завршува денеска се одвивала електронски и преку медиумите,  со цел подигнување на јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикне забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

Покрај значителниот напредок во текот на последните децении, потсетуваат од Црвениот крст, туберколозата  продолжува да биде врвен заразен убиец низ целиот свет, одземајќи повеќе од 4.500 животи дневно, а околу 30.000 луѓе дневно се разболуваат од оваа болест.

Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како (треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина) можат да бидат лесни – непрепознатливи и во тек на неколку месеци. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.

Инаку во земјава минатата година имало 220 заболени од туберколоза од кои еден од Велес и тројца од Неготино се лекувале преку АТ одделението при велешката Општа Болница, информира д-р Неделковска Николова.

Back to top button
Close