Во Велика Британија откриена нова позаразна мутација на Ковид-19 од ЈАР
Во Велика Британија се откриени два случаи на нова позаразна мутација на Ковид-19, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.
Двете лица,кај кои е откриен мутиран вид на Ковид-19патувале во Јужна Африка, каде што мутацијата е поврзана со зголемување на бројслучаите на коронавируси.
Поради тоа воведени се ограничувања за патување во Јужна Африка, а лицата кои патувале во последните две недели во африканската земја и тие кои биле во контакт со оние кои пристигнале од Јужна Африка треба веднаш да се самоизолираат.