Во водите на вештачкото езеро Подлес се удави 51-годишен жител на Градско

Во водите на вештачкото езеро вчера доцна попладне, околу 18 часот, се удавил 51-годишниот Т.М жител на Градско. Тој со семејството бил на излет покрај езерото, влегол да се излади, но се удавил, а по некое време неговото тело било на површината на водата, потврдија од СВР Велес.

Како што информира за МИА, д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом, нивна екипа на Итна помош околу 18 часот била повикана кај Подлешко езеро. Кога стигнале, телото веќе било извадено, а тие констатирале смрт поради давење во вода. Увид во настанот направила екипа на СВР Велес.

Како што информира за МИА Гордана Тодорова од ОЈО Велес, нема да се врши обдукција, а телото било предадено на семејството.

Back to top button
Close