Воена вежба на турската авијација и морнарица во Егејско Море
– Турските воздушни и поморски сили денеска имаа заедничка воена вежба во Егејско Море, соопшти турското Министерство за одбрана.
– Вежбата на воените авиони Ф-16 и воените бродови е со цел да се подобрат и да се одржуваат оперативните способности во тек на заеднички операции, наведе турското Министерство за одбрана на Твитер.
Вежбата се одржа во време на зголемени тензии помеѓу Анкара и Атина поради истражувањето на Турција во источен Медитеран. Зоната е богата со наоѓалишта на гас, а Атина тврди дека тоа се нејзини територијални води.
Грција вчера најави дека авиони ловци Ф-16 на Обединетите Арапски Емирати следната недела ќе учествуваат во заедничка воена вежба со грчката армија.