Возач на автомобил во Кичево прегазил две малолетнички и побегнал

МВР информира дека вчера во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул. „Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата.

Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево

Back to top button
Close