Врховен судија фатен со 10.000 евра поткуп
Полициски извори за Телма потврдија дека денеска со истрага бил опфатен врховен судија поради сомнеж за барање мито и за поткуп.
Според информациите на Телма, судијата бил фатен со 10.000 евра. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет.
За имунитетот на судиите е задолжен Судскиот совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.