За брзо возење 239 санкции на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 239 возачи.

МВР денеска соопшти дека од нив, 18 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Притоа, 74 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место, стои во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. ц

Back to top button
Close