За еден месец во ФИТР потпишани 71 договор за кофинасирање
За еден месец во #ФИТР потпишани 71 договор со вкупен износ од 3.112.339 евра, од кои 1.605.311 се ФИТР кофинансирање, а 1.507.028 кофинансирање на корисниците, напиша на Фејсбук директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.
Најави дека се подготвуваат два нови предизвици за стартапи и нов повик за кофинансирани грантови.
-Креиравме нова годишна и среднорочна програма која првпат вклучува стратешки фокус на стартапи, корпоративна иновативност и социјални претприемништво. Целосно ја променивме менторската програма и првпат овозможуваме менторство за одбиени апликанти, но и потенцијални корисници.Развиваме нови финансиски инструменти и стратегија за Fund of Funds.Потпишавме меморандум за соработка со Стартап Македонија и креиравме Стартап Совет.Потпишавме меморандум за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и развиваме заедничка платформа за онлјан продажба за микро компаниите во планските региони, пишува Петров.
Во финална фаза, како што вели, е ребрендирањето на ФИТР со комплетно ново лого и една сосема нова приказна.
-И сето ова немаше да биде можно без беспрекорниот тим на ФИТР. Бескрајно сум благодарен на можноста да работам со толку добри професионалци! Создаваме иднина. Заедно!, пишува Петров на ФБ.