Заев: Европа дома значи подобар живот за секој македонски граѓанин
Десетте приоритети од Акција 21 – Европски стандарди дома се принципите и нашата заложба кои ќе нѐ водат во наредната година, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук, нагласувајќи дека „Европа дома“ значи подобар живот за секој македонски граѓанин.
Според Заев, исполнувањето на овие 10 приортитет ќе биде мотив на Владата да работи и да го продолжи со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество.
– Европа дома значи подобар живот за секој македонски граѓанин, за секој еден човек што живее во нашата заедничка Северна Македонија. Прочитајте повеќе за 10-те приоритети за 2021 година на vlada.mk/akcija21, наведува премиерот Заев на својот фејсбук-профил.