Заев на гости во Брајчино родното село на предците на министерката Нина

 

 

Aктуелната министерка за финансии на својот Твитер профил објави фотографија, на која е во друштво со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев веќе објави дека во Преспа е на одмор. Насмеани, на маса Ангеловска и Заев на фотографијата се со чашка домашен ликер, како што објаснува Ангеловска, тие разговараат за големиот потенцијал на селскиот туризам.

„На 230 км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино. Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место на дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди за секого – плажите на Преспанско езеро се на неколку километри, љубителите на планина со час пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките, за 6 часа може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218м..цркви со посебна душа. За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев“, напиша Ангеловска.

Back to top button
Close