Заев: Не е во ред некој да оди во затвор ако користел половина грам канабис
Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешната прес конференција говореше за евентуалната легализација на медицински канабис во нашата земја.
Како што истакна тој, наредната година ќе следи темелна дебата за можно легализирање на канабисот, кој би се употребувал за медицински цели.
„Не е во ред некој да оди во затвор ако користел половина грам канабис. Следува дебата за легализација на канабисот во 2021 година. Полицијата ќе продолжи да реагира на тие кои канабисот не го употребуваат за медицински цели и го продаваат низ земјава“, истакна Заев.