Заев отворено го поддржал Ковачевски

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен одбор, го предложил заменик-министерот и член на партискиот Извршен одбор Димитар Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар, велат партиски извори.

Според неофицијални информаци, откако Заев се појави со Ковачевски на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, денес пред сопартијците отворено застанал зад него, посочувајќи дека е добар избор за нов лидер и премиер.

Фокус прес десетина дена објави дека фаворит и за лидерската позиција во СДСМ и воедно за премиерската функција е токму Ковачевски, доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.

Back to top button
Close