Законот за заштита на населението вечерва на пленарна седница

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, доцна попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство. Законот пред пратениците на пленарна седница е предвиден да се донесе по скратена постапка, а седницата е закажана за вечерва во 19:30 часот.

За Законот, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаа и Алијанса на Албанците и Алтернатива. Дел од амандманите беа прифатени од предлагачот.

Членовите на Комисијата претпладнево дебатираа и за одбивањето да биде потпишан заемот од Светска банка за болниците за ковид, но и за недостатокот на комуникација меѓу власта и опозицијата за мерките за коронавирусот, влијанието на загадувањето што деновиве се повеќе се зголемува и обвинувањата за негрижа од страна на власта.

Back to top button
Close