Запален Куранот во центарот на Стокхолм
– Приврзаниците на радикалната десничарска партија од Данска, Страм Курс го запалија Куранот во шведската престолнина Стокхолм, а целиот настан беше пренесуван на социјалните мрежи, јави агенцијата Анадолија.
Членовите на расистичката партија побараа од шведската полиција да одржат митинзи на 12 септември за палење на Куранот во Стокхолм, во населбите Ринкеби, Фитја, Алби, Хасби и Уплансвесби, кои се претежно муслимански.
Полицијата не им ги дозволи овие провокативни активности, по што тоа го сторија без дозвола во Ринкеби.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како бунтовниците со автомобил доаѓаат во центарот на населбата , го палат Куранот, а потоа се оддалечуваат од местото на инцидентот.
И минатиот месец, приврзаниците на партијата Страм Курс и нејзиниот лидер Расмус Палудан одржаа митинг и го запалија Куранот во Малме, Шведска.
Антирасистичките групи го осудија чинот, а полицијата уапси три лица.
На Палудан му беше забрането да влегува во Шведска две години, а тој се појави минатата недела да поднесе барање за шведско државјанство за да може да ја посети земјата и да го запали Куранот таму, пренесуваат агенциите. паг/