Запалено возило на македонскиот конзулат во Солун, за МНР тоа е вандалски акт кој нема да влијае на односите

Возило на македонскиот конзулат во Солун, Грција, вчера е запалено додека било паркирано во центарот на градот, а за инцидентот денеска се огласија од нашето Министерство за надворешни работи (МНР) потенцирајќи дека се во редовна консултација со конзулатот и со надлежните грчки институциите.

„Нашиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, било запалено и второ возило на различно место во градот“,пишува во соопштението на МНР.

Министерството нагласува дека двата случаја се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, за кои оценува дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава.

„Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји“, потенцираат од МНР.

Back to top button
Close