Заврши хоризонталното одбележување на улиците во Гевгелија

 Денеска заврши пролетно-летната акција за обнова на хоризонталната сообраќајна сигнализација со која беа опфатени 3500 метри квадратни улична површина во Гевгелија на кои со бела боја беа обновени пешачките премини како и средишните и рабните линии.

–Покрај улиците,на 400 метри квадратни со жолта боја ги обновивме автобуските и такси стојалиштата,а на 100 метри квадратни со црвена боја ги одбележавме кружните текови,рекоа од општината каде сметаат дека со обновената хоризонтална сигнализација значително ќе се зголеми прегледноста на улиците и безбедноста во сообраќајот што е приоритет во работата на локалната самоуправа.

За реализација на акцијата,во чиишто рамки во центарот на градот со сина боја беа означени уште и паркинг места за инвалидизирани лица,велосипеди и мопеди,општина Гевгелија издвои околу 400.000 денари од сопствениот буџет.

Back to top button
Close