“Зегин“ донираше инвалидски колички на Клиниката за пулмологија и алергологија (ФОТО)
Компанијата „Зегин“ донираше инвалидски колички на Клиниката за пулмологија и алергологија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. По тој повод, компанијата со соопштение ја извести јавноста:
– Како општествено одговорна компанија, „Зегин“ секогаш се вклучува и помага онаму каде што е најпотребно. Донацијата која е наменета за пациентите и за олеснување на текот на работата на клиниката, ја прими директорот, проф. д-р Дејан Докиќ, кој и овој пат се заблагодари за соработката со „Зегин“, која премина во традиција. Како што истакна и самиот професор, заедно се трудиме да го обезбедиме она што е потребно на пациентите, бидеќи нивното здравје е најважно, а компанијата Зегин секогаш излегува во пресрет на барањата на нашата клиника.
Компанијата „Зегин“ најавува дека ќе продолжи да се грижи и секогаш, како и досега, ќе излегува во пресрет на оние на кои навистина им е потреба помош.