Зелен караван на ЦИВИЛ за јакнење на свеста за зелените вредности
– Зелениот караван на ЦИВИЛ почнува од денеска на плоштадот Слобода во Скопје, пред домот на културата „Кочо Рацин“.
Како што посочуваат од ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните кои ќе го посетат штандот ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со нивниот тим, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.
-Зелениот караван на ЦИВИЛ е посветен на промоција и јакнење на јавната свест за зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. Социјалната правда и антинационализмот се дел од европските и зелените вредности кои ЦИВИЛ ги застапува во текот на своето 20-годишно постоење, а во изминатите неколку години и во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, чие регионално седиште е во Сараево, БиХ, наведуваат од ЦИВИЛ.
Оттаму посочуваат дека нивните тимови ќе патуваат низ земјата и ќе одржат повеќе настани во соработка со општините и локалните граѓански организации. Ќе се одржат работилници на тема „Зелените доаѓаат“ во Штип, Гостивар, Велес, Кавадарци и Скопје. Низа средби со граѓанките и граѓаните ќе се одржат и во други општини низ целата земја.
-Зелениот караван ќе заврши со национална конференција посветена на зелените вредности и стратегии, како единствена одржлива алтернатива за општеството и за државата. Зелениот караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, посочуваат од Цивил.бт/са/