Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неодамнешниот состанок во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната со Русија, јавија француски медиуми повикувајќи се на извори запознати со содржината од состанокот.

Зеленски се сретна со Трамп во француската престолнина во саботата, на 7 декември, за првпат откако Трамп беше реизбран за претседател на САД.

На состанокот, кој траеше 35 минути, а на кој не присуствуваа советници, Трамп ја повтори желбата за брз прекин на конфликтот и почеток на преговорите.

Back to top button
Close