Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, соопшти американскиот геолошки институт.
Епицентарот бил на 82 километри источно и северо-источно од градот Генерал Сантос на островот Минданао, на длабочина од 120,9 километри.