Живописна уличка со калдрма во Париз

– Волшебната улица со калдрма – „Руе Кремио“ (Rue Crémieux) во 12-от Округ во Париз долго време беше „тајно место“ за кое малкумина знаеја… Но, Инстаграм, се чини, „ја прослави“ оваа улица. Таа денес е сè побарано место за уметници, модни фотографи, филмаџии и луѓе кои бараат нешто уникатно. Во многу гледишта, ова необично „патче“ меѓу „Руе де Лион“ и e „Руе де Берси“ воопшто не изгледа како Париз и, можеби, повеќе потсетува на „Портобело“ во лондонскиот Нотинг Хил или „Бурано“ во Венеција… Шарени фасади, цвеќиња на прозорците, теракотни вазни – сцена како од сликовници.

Малкумина знаат и дека улицата е именувана по адвокат. Преименувана е во 1897 година, во чест на Адолф Кремио, човекот кој ги бранел човековите права на Евреите во Франција.

Но, околните граѓани се вознемирени. На почетокот на 2019 година, жители на улицата – уморни од бучава, камери и несовесни туристи, побараа од Градот Париз да постави порти што ја затвораат улицата за посетителите навечер и за време на викендите. Една жителка рече дека разбира оти луѓето сакаат да ја посетат улицата и да фотографираат, но би ги замолила тоа да го сторат со почит кон мештаните и околината.

Back to top button
Close