ЗНМ: Одговорност за полициските службеници кои ја вознемирувале новинарката на „Фокус

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) попладнево излезе со реакција на настанот во кој полициски службеници денеска дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор, односно поради предупредување поради поплака од страна на жената возач која на осми август удри 11-годишно дете со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино.

-ЗНМ смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна , бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите. Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка, велат од ЗНМ.

ЗНМ ќе поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања.

Очекуваме во најкус можен рок да бидат санкционирани одговорните лица, порачуваат од ЗНМ.

Back to top button
Close