32-годишна жена почина на Клиника после операција за вадење камен од бубрегот

Што тргна на лошо после операцијата за вадење камен во бубрег, па триесет и двегодишна жена од Тетово почина? Пред две недели, на 19 јуни младата пациентка од Тетово, влегла во операциона сала на Клиниката за Урологија во Клинички центар во Скопје за елективна операција за отстранување камен во бубрегот, а наредниот ден починала на КАРИЛ, покажуваат документите за нејзината медицинска историја, пренесува „Слободен печат“.

Нејзиниот сопруг за нашата редакција изјави дека ја бара вистината и ќе поведе судска постапка со вештачења од странство.

-Прво ни рекоа да го извади го каменот од бубрегот, за да ѝ биде функционален бубрегот. После операцијата рекоа дека го извадиле бубрегот за да ѝ го спасат животот.

Жена ми почина на 19 јуни и имаше три операции, беше враќана во сала три пати. Ја барам вистината, мојот петгодишен син секој ден ме прашува кога ќе си дојде мајка му од болница, изјави за „Слободен печат“ сопругот на починатата пациентка.

Тој денеска добил две отпусни писма, едното од Клиниката за урологија, а второто од КАРИЛ.

Повеќе

Back to top button
Close