1.500 матуранти од 6 земји ќе настапат на годинешната “Матурска парада“

Овогодинешната „Матурска парада“, ќе се одржи на 19.05.2023 година, точно напладне, во 12:00 часот, во Скопје манифестацијата ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“.

Оваа година учество на „Матурската парада“ ќе земат 6 земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.

Во Република Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга.

Вкупната бројка на обучени матиранти во Скопје е 400 а во останатите градови во Република Македонија вкупно околу 1.500 матуранти.

Во Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта:

Васил Антевски – Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски – Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Гепрги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски – Луј.

Организатор за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“.

Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.

Поддржувач: Делагација на Европската Унија во Република Македонија,

Медиумски покровител е Урбан ФМ Радио.

Водител на програмата: Марјана Станојковска

Во изминатите четиринаесет години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.

Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – “заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”, на тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција.

Back to top button
Close