1.800 евра казна за одговорните кои пресекле дрво во Кисела вода

 

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.

-Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира – стои во соопштението на градот.

Back to top button
Close