10-ка за Ристовска и Савевски, 9-ка за Раичевиќ. 10 ka и за Тополовска, Панчевски отпадна. Кој од нив ќе биде државен обвинител
Девет членови на Совет на јавни обвинители сметаат дека Лидија Раичевиќ треба да биде избрана за републички јавен обвинител и ѝ дадоа позитивна оценка, додека против беше само членката Кети Петкова.

Едногласна поддршка доби Ленче Ристовска, за која десетте членови гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење. Позитивна оценка од сите десет членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.
Претходно, Советот заклучи дека Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови, бидејќи нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години, што е предуслов за да биде оценуван како кандидат за функцијата на местото на разрешениот Љупчо Коцевски. Панчевски доставил и програма од 50 страници.
Позитивно мислење претходно доби и в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска. Расправата по кандидатурите е во тек.
Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.
Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.






