1000 ден. пред изборите и 1000 ден. во април догодина. Премиерот ке ги „задоволи“ пензионерите линеарно

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5 најави  линеарно зголемување на пензиите во следните шест месеци, како одговор на барањата од пензионерите.

Според Мицкоски, Владата работи на анализа за зголемување на пензиите по 1.000 денари оваа есен пред локалните  и уште 1.000 денари на пролет, што ќе значи вкупно дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредниот период.

 

Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било процентуалното зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, и како тоа да го поделиме меѓу пензионерите. Зголемувањето ќе биде 1.000 денари во октомври, а дополнителни 1.000 денари во април.

 

Ова мора да се случи пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или иницијатива од пратеници – рече Мицкоски.

Back to top button
Close