106 МИЛИОНИ ДЕНАРИ или речиси 1.8 МИЛИОНИ ЕВРА ќе платиме за приватна фирма да ни организира учество на ЕКСПО 2027 година во Белград!

106 МИЛИОНИ ДЕНАРИ или речиси 1.8 МИЛИОНИ ЕВРА ќе платиме за „осмислување и реализација на саемско претставување на државава на ЕКСПО 2027 година во Белград.

Спецификација на активностите кои се предмет на јавната набавка:

1.            Изработка на бренд идентитет – целосно визуелно решение за презентацијата на РСМ на ЕКСПО 2027.  Да се изработи целосна книга на графички стандарди, која вклучува дизајн на лого, предлог слоган, типографија, палети на бои, примери за апликација на графичките стандарди.  При изработка на бренд идентитетот да се следат темите и насоките во техничката спецификација. Брендот може да биде целосно нов или адаптација/надградба на брендот Дизајнирање на идното општество на нашите животи
Изработка на лого во повеќе варијации, вклучувајќи основно лого, секундарно лого и подознаки
Изработка на бренд-бук, правила за користење на логото, палета на бои, фонтови и типографија итн
Дефинирање на слоган и главни пораки на кампањата (на англиски, српски и македонски јазик); дефинирање тон на брендот/кампањата
Изработка на целосен визуелен идентитет на кампањата кој ќе ги отсликува целите на самата кампања и современиот идентитет на македонскиот павиљон на Експо 2027
Изработка на сценарио и стори-борди за спотови и креативен концепт со идејно решение
Слики и визуелни адаптации и апликации на логото и визуелниот идентитет на различни промотивни материјали: постер, билборд, постови за социјални мрежи итн
2.            Изработка , поставување и водење на интерактивна инсталација во просторот – павиљонот на РСМ со димензии 25,9 м во ширина и 25,5 м во должина, односно 324 метри квадратни
Концепт и текст за изработка на интерактивна инсталација во просторот кој соодветствува на темата Експо 2027 Белград , 3 страни А4 формат, фонт 11 , тимес роман , минимум 1600 зборови.
Комплетно техничко решение кое ќе се користи за продукција на интерактивна инсталација во просторот
Демо скица на интерактивната инсталација во павиљонот со приказ на предложениот дизајн
Адаптации на дизајнот на интерактивната инсталација во просторот согласно изведбените параметри од страна на Експо 2027 Белград
Материјали и логистичко – техничка изведба на интерактивната инсталација во просторот , македонски павиљон Експо 2027 Белград
Одржување на интерактивна инсталација во просторот за времетраење на Експо 2027 Белград не помалку од 120 денови
Обука на одговорни лица за промоција на македонскиот Павиљон за времетрање на Експо 2027 Белград.
Престој на обучени промотери на македонскиот павиљон во Белград и тоа 7 лица во траење од најмалку 4 месеци.
Изработка, монтажа и демонтажа на инсталација во просторот и внесување и изнесување на материјалите во павиљонот во рок даден од организаторот на Експо 2027 Белград
Организирање на транспорт на материјалите од интерактивната инсталација , техничка опрема и промотивни материјали од Скопје до Белград и од Белград до Скопје и предавање на истите на договорниот орган
Изработка и поставување на мобилни паравни за преградување на просторот за одржување на деловно промотивни состаноци, Шпер плоча – бреза, со минимум димензии од 20мм дебелина, 2500мм х 1250мм, премачкано со импрегнатор на природна база – нетоксичен, прикачен со сајла на плафонска и подна конструкција – сајла, со минимум од 25 м должина
Вградување на електрична инсталација и расвета на позиции во павиљонот предвидени за деловно промотивни состаноци.
Изнајмување на канцелариски маси со димензии не помали од 200cм должина и не помалку од 100cм ширина и не помалку од 4cм дебелина на плочата и не помала висина од 75 цм, со метални и статички ногарки, за деловно промотивните состаноци
Изјамување на конференциски столици, обложени со еко кожа, со минимум 6 тркала и со минимум 2 раконаслони и можност за менување позиции , за одржување на деловно промотивни состаноци
Изнајмување на ормари со димензии не помали од 200х150х80cм , со клуч за складирање на канцелариски материјали , каталози и друг потрошен материјал во просториите одредени за деловно промотивни средби
Изнајмување на ладилник од минимум 250 литри со комора за замрзнување , не помала од 40 литри за замрзнување и складирање на храна и пијалоци
Изработка на инфо пулт со диманзии не помали од 400 х 100х80 cм за поставување на промо материјали во македонскиот павиљон
Комплетно техничко решение кое ќе се користи за продукција на инфо пулт за промотивни материјали во македонскиот павиљон
Адаптации на дизајнот на инфо пулт за промотивни материјали во македонскиот павиљон.
Набавка на инсталација со минимум димензии 100м2 (ширина 20м , должина 5м, висина 6м) која ќе отсликува современиот македонски идентитет, и реално ќе го отслика потенцијалот кој Македонија го нуди пред потенцијални странски посетители во форма на програма која ќе содржи елементи од: култура, уметност, архитетура, гастрономија, туризам и друго.
Набавка на 2 таблет компјутери за презентација и тоа : -максимални димензии (11.3 in x 8.2 in x 0.37 in (287mm x 208mm x 9.3mm), -дисплеј минимум: 13” -Минимум Резолуција: 2880 x 1920 (267 PPI) -Up to 120Hz refresh rate (60Hz default) -Aspect ratio: 3:2 -Adaptive Color -Touch: 10-point multi-touch -GPU Ink Acceleration -Dolby Vision® support -Минимум Меморија 16GB -Процесор: Основна работна фрекфенција миминум 3,6 Gh, максимална работна фрекфенција 4.9 Gh, миминум 10 јадра (cores), минимум 24 mb кеш или еквивалентно
Инсталација на потребните програми – оперативен систем на Англиски, Српски, Словенечки, Унгарски , Германски , Шпански и француски јазик.
Изнајмување на еден самостоечки тотем за промоција на македонскиот павиљон со touch display технологија , каде посетителите би се запознале со најважните информации за РСМ.
Наем на магацински простор за складирање на инвентар и опрема не помал од 300м2 за опслужување на македонскиот павиљон за период од најмалку 120 денови
3.            Маркетинг и дигитална промоција на македонскиот павиљон
Изработка на целосна маркетинг кампања за промоција на македонскиот павиљон на Експо 2027 Белград.
Кампања за таргетирање и ретаргетирање на социјални мрежи (facebook, Instagram, Linkedin. Tik tok, X) за целовреметрање на договорот.
Регистрација и водење на профили на социјални мрежи (facebook, Instagram, Linkedin. Tik tok, X) за цело времетрање на договорот.
Спонзорирање на постови, банери, видеа и други дигитални содржини за промоција на македонскиот павиљон за целото времетраење на договорот.
Изработка на 3 интерактивни игри за промоција на туристичкиот потенцијал во Македонија, времетраење на игрите не повеќе од 300 секунди по игра. Игрите да бидат разработени на следниве јазици : Англиски , Француски, Шпански, Германски, Српски, Словенечки и Унгарски јазик. Игрите да бидат адаптирани и за online поставување на интернет страната на македонскиот павиљон.
Изработка на комуникациска стратегија за привлекување на публика за 2025,2026 и 2027 година според предвидените публики за Експо 2027 Белград.
Осмислување и изработка и одржување на респонзивна интернет страница, компатибилна со сите мобилни уреди, на македонски и англиски јазик за период за целото времетраење на договорот.
Конципирање и составување на радио пораки и продукција на радио реклама во времетраење од минимум 30 секунди за промоција на македонскиот павиљон на српски јазик.
Закуп на медиумски простор во Србија во 2027 година и тоа : -Радиско емитување во Србија во времетраење од 4 месеци. – реклама во траење не помалку од 20 секунди со фреквенција на емитување секој ден најмалку 8 пати дневно, во период од 4 месеци на не помалку од 4 медиуми во Србија со национална фреквенција.
Закуп на медиумски простор во Србија во 2027 и тоа не помалку од 4 банери на веб портали во Република Србија во времетраење од не помалку од 120 денови.
Закуп на медиски простор во РСМ и Република Србија во 2027 и тоа : не помалку од 10 билборди на автопат е 75 (од граничен премин Богородица – РСМ до граничен премин Бајаково Република Србија) и 5 билборди во централно градско подрачје во Белград, сите во времетраење од 120 денови.
Дизајн на постови и 2 кратки видеа за социјални мрежи ( Facebook, Instagram, LinkedIn. Tik tok, X), не пократки од 15 секунди, и објавување на истите за целовреметраење на договорот.
Информирање на јавноста преку допис до медиуми за учество на РСМ на Експо 2027 за целовреметраење на договорот и тоа во 2025 минимум 4 соопштенија , во 2026 минимум 8 соопштенија и во 2027 минимум 12 соопштенија.
Визуелно документирање на подготвителните и промотивните активности на македонскиот павиљон на Експо 2027 во период за 2026 и 2027 година и тоа : фотографски услуги , видео записи и монтажа на истите и споделување со одговорните лица за водење на социјални мрежи на интернет страната.
Креирање на информативна содржина поврзана со пормоција на македонскиот павиљон на Експо 2027 и испраќања на e-билтен до дата база за целовреметраење на договорот .
Одржување на базата на потенцијални посетители за време на Експо 2027 и подоцнежно предавање кај договорниот орган во електронски формат.
4.            Продукција на серија видео материјали
Осмислување , дизајн и изработка на серија видео спотови за промоција на темите ( одржлив туризам, биодиверзитет, природни убавини, здравје, социјална интеракција и услуги), со пормоција на РСМ како модерна туристичка дестинација со следните технички спецификации: – Времетраење на спотовите не помалку од 60 секунди – кратки адаптации на видеата во формати за социјални медиуми од не помалку од 15 секунди. – изработка на англиски јазик.
5.            Подготовка на текст и дизајн на серија на печатени материјали
Подготовка на клучни пораки и стратешки дефинирани текстови за различни видови печатен материјал кои ќе се осврнуваат на темите на ЕКСПО2027
Осмислување на текстови за флаери и превод на истите на 7 јазици ( српски, англиски, француски, германски, шпански, унгарски и словенечки) за флаерите за промоција.
Текст за една брошура (четиријазична : англиски, француски, германски и српски јазик) како сублимат од материјалот на флаерите, но со намена за промоција на земјата како туристичка дестинација.
6.            Печатење на промотивен материјал на високо квалитетна хартија
3 (три) видови на флаери со формат непомал од А5 , 8 страни , хартија минимум 115гр мат кунздрук и печат 4/4, поврзување со хефтање, непомалку од 500 парчиња
Високо квалитетна брошура : формат не помал од А4 , непомалку од 32 страни , хартија минимум од 170 гр мат кунздрук 4/4, корица минимум 300 гр мат кунздрук 4/0, пластификат 1/0, поврзување со лепење, минимум 200
7.            Анимирање и инволвирање на деловната јавност
Организирање на минимум 20тематски средби со деловни заедници од целата држава и тоа: – физички средби со деловната јавност во Македонија во период од 2026 – 2027 година и информирање за потенцијалот од учество на Експо 2027 согласно критериумите и правилата поставени од централната организација на Експо 2027 Белград – координирање на физички средби со стопански комори, асоцијации и други видови на здружувања на деловната јавност
Изработување и спроведување на дневна агенда за презентација на деловната заедница по сектори за нивно претставување на Експо 2027 согласно правилата на централната организација Експо 2027 Белград
Координирање на настапот на деловните субјекти во рамки на генералната програма на Експо 2027 и тоа : – Комуникација со координатор на деловен програм поставен од централната организација на Експо 2027, – координација со службите задолжени за промоција на македонскиот павиљон – Координација со техничка служба на Експо 2027.
8.            Активности поврзани со директна – физичка промоција за време на Експо 2027
Организирање на не помалку од 35 прес конференции и медиа средби за цело времетраење на договорот.
Документирање на објавите во медиумите и испорака до договорниот орган за целото времетраење на договорот.
Организирање на свечено отварање на македонскиот павиљон со: уметничка програма , техничка опрема , технички лица , логистика и протокол и кетеринаг услуги за минимум 100 лица.
Организирање на прием за високи делегации за време на националниот ден и за време на Експо 2027 (минимум 5 пати) и тоа : наем на техничка опрема и технички лица, логистика и протокол и кетеринг услуги.
Претставување на културно уметничка програма кој го отсликува современиот македонски идентитет преку: Хонорар изведувачи на сценска програма за времетраење на Експо 2027, не помалку од 10 настапи на македонски изведувачи од областа на поп, рок и електронска музика со изведба од времетраење од минимум 60 минути по настап.
Изнајмување на техничка опрема и технички персонал за изведување на културно уметничка програма 32-ch digital audio mixer / 16 out 12″ active audio speaker (stage monitors) Active DI Box XLR cable (3 pin – 3m.) XLR cable (3 pin – 5m.) Vocal Microphone other microphone Drum sets Drum mic. Drum Hardware Set microphone stand power cables (long) power cables (max 3m) bass guitar amplifier combo min 150w guitar amplifier combo min 100w cablecross 32 Channel 20 m XLR multicore Cable Техничко лице за ракување на опрема
Кетеринг услуги за целото времетраење на павиљонот на Експо 2027 за минимум 15 лица од ден.

За сето ова плаќаме 1.8 милиони евра, а во ова не е вклучено патување (без разлика дали со службено возило или на друг начин) на функционерите кои секако ќе искористат прилика да се прошетаат до Белград, не е вклучен ниту престојот таму, дневници и останати трошоци, кои веројатно заедно со сето ова би чинеле околу два милиони евра.

За да се учествува на јавниот повик Генералниот секретаријат на Владата поставува посебни услови.

Економска и финансиска состојба
Потребната економска и финансиска способност за извршување на договорот на
економските оператори, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
минимум 37.000.000,00 денари приходи за 2022, 2023 и 2024 година поединечно
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималнитe услови со доставување
на: биланс на успех.

Техничка и професионална способност
Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на
договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови:
– Искуство во организација на настани и тоа најмалку 5 домашни настани и најмалку 5 странски
настани, со вредност над 5.000.000,00 денари за поединечен настан во последните три години (2022,2023 и 2024 година)
– Образовни и професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот стручен
кадар и особено на лицата кои се одговорни за давање на конкретната услуга

– eкономскиот оператор треба да има вработено или ангажирано минимум 12 (дванаесет) лица и
тоа:
 минимум 1 лице со високо образование од областа на архитектурата со минимум 15 годишно работно искуство во областа,
 минимум 1 лице со високо образование од областа на дизајн на внатрешен ентериер со минимум 10 годишно работно искуство во областа,
 минимум 1 лице со високо образование од областа на режија со минимум 10 годишно работно искуство во областа,
 минимум 1 лице со високо образование од областа на продукција со минимум 10 годишно работно искуство во областа,
 минимум 1 лице со високо образование од областа на маркетинг со минимум 10 годишно работно искуство во областа,
 минимум 1 лице музички уредник со минимум 5 годишно работно искуство од областа.
 Минимум 1 лице фотограф со минимум 5 годишно работно искуство од областа.
 Минимум 1 лице монтажер со минимум 5 годишно работно искуство од областа.
 Минимум 1 лице со високо образование, експерт за социјални медиуми со 10 годишно работно искуство од областа.
 Минимум 1 лице за планирање, пишување и едитирање на текст – content writer со минимум 10
годишно работно искуство од областа.
 Минимум 1 лице за односи со јавноста PR manager со високо образование со минимум 15 годишно работно искуство.
 Минимум едно лице со високо образование од 13 областа на графички дијан со минимум 5 годишно работно искуство

На тендерот се пријавила само една компанија.

За најповолна понуда, според тендерската документација ќе биде избрана понудата која ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој поделемент од најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Овој пристап треба да се објасни на следниов начин: Како елементи на најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот се земаат следниве:

квалитет 65 Поени

Цена 35 Поени

Се поставува прашањето зошто државата и министерствата, кои имаат цела администрација на располагање, ја даваат нивната работа за која се платени на друг, а за тоа ќе платат речиси 1,8 милиони евра.

Во период кога државата секојдевно е зафатена со страотни пожари, два човечки животи веќе се изгубени во пожарите, материјалната штета и штетата по природата се непроценливи, наместо администрацијата и министерствата да си ја завршат својата работа, тие даваат 1,8 милиони евра на приватна компанија. Пари кои можеле да бидат пренаменети за набавка на опрема за справување со пожарите, а пари кои секако ги плаќаат граѓаните…

извор: Инфомакс

Back to top button
Close