11 годишно дете починало од корона на Инфективна клиника во Загреб?!

Дете на возраст од само 11 години ноќеска починало на Клиниката за инфективни болести Др. Фран Михаљевиќ во Загреб од последици од ковид инфекција, неофицијално дознава „Јутарни лист“.

Станува збор за најмладиот починат пациент од последици предизвикани од корона вирусот во Хрватска. Според информациите на „Јутарни лист“ детето претходно немало здравствени проблеми.

Настанала ретка компликација,која лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број на заразени деца, дознава Јутарни.

Според весникот кај детето се појавил мултисистемски воспален синдром ( MIS-C) , кој се јавува како претеран имунолошки одговор.

Овој исклучително опасен синдром ги погодува децата на возраст од две до 15 години. Синдромот во април минатата година е детектиран во САД и Велика Британија кај деца заболени од корона.

Извор: Еспресо.рс

Back to top button
Close