110 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 894 тестови регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19, од кои 18 реинфекции, како и 42 оздравени пациенти. Во истиот период нема регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство информира.

Од новорегистрираните 110 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 72, Битола 8, Куманово 6, Кавадарци, Штип и Неготино по 4, Кочани 3, Прилеп и Гостивар по 2 и Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци по 1.

Back to top button
Close