12-те најдобрите работни места за 2025

Ова се работните места кои во 2025 година ќе бидат најплатени и со најголема побарувачка во светот. Ако размислувате да барате работа во странство, започнете со нив.

Повеќето од овие работни места се платени повеќе од 100.000 долари годишно, некои се отпорни на рецесија, некои не бараат диплома, а некои дозволуваат работа од дома, објавува CareerFitter. Тие издвојуваат 12 области со најголема можност за вработување во 2025 година.

 

1. Менаџери за ИТ

Просечна плата: 169.510 долари

Како дел од тимот за ИТ, вашата задача ќе биде решавање на проблемите кои ги доживуваат вработените кога нивните компјутери „заглавуваат“. Менаџерите за компјутерски и информациски системи (ИТ менаџери) се задолжени за планирање и надгледување на технолошките потреби на компанијата.

Големиот број нови вработувања и високата плата ја прават оваа кариера најатрактивна. За успех на оваа позиција се бараат лидерски вештини, организираност, комуникациски способности, решавање проблеми и управување со времето.

 

2. Финансиски менаџери

Просечна плата: 156.100 долари

Ако сте добри со бројки и имате страст за анализа на финансиски информации и управување со инвестиции, оваа кариера е вистинскиот избор за вас.

Финансиските менаџери се одговорни за здравјето на финансискиот систем на организацијата, изготвување финансиски извештаи и долгорочно економско планирање.

 

3. Програмери на софтвер

Просечна плата: 132.270 долари

Софтверската индустрија постојано расте, а платата за оваа професија е значителна. Работата вклучува развој на дигитални производи и често нуди можност за флексибилна работа од дома.

 

4. Медицински сестри

Просечна плата: 126.260 долари

Медицинските сестри се клучни за здравствениот систем и исто така имаат голем потенцијал за високи приходи. Напредните медицински сестри можат да обезбедуваат и специјализирани здравствени услуги.

 

5. Менаџери за медицински и здравствени услуги

Просечна плата: 110.680 долари

Доколку сакате работа во здравствениот сектор, но не сакате да работите директно со пациенти, оваа позиција може да биде идеална за вас. Главната задача е управување со деловните аспекти на здравствените установи.

 

6. Генерални и оперативни менаџери

Просечна плата: 101.280 долари

Овие менаџери се одговорни за секојдневните операции во организацијата. Позицијата бара добри организациски и лидерски вештини.

 

7. Аналитичари за менаџмент

Просечна плата: 99.410 долари

Аналитичарите за менаџмент идентификуваат проблеми во работните процеси и предлагаат решенија за подобрување. Оваа позиција бара аналитички и комуникациски вештини.

 

8. Регистрирани медицински сестри

Просечна плата: 86.070 долари

Пандемијата ја истакна важноста на медицинските сестри, а оваа професија останува една од најпотребните и најценетите.

 

9. Сметководители и ревизори

Просечна плата: 79.880 долари годишно

Сметководителите и ревизорите се „детективи за бројки“ кои се грижат за финансиското здравје на компаниите. Покрај составувањето извештаи и водењето на финансиските книги, тие ги советуваат компаниите како најдобро да ги инвестираат своите средства. Сертификатите како CPA (Certified Public Accountant) можат значително да ги зголемат шансите за вработување и висината на платата.

 

10. Електричари

Просечна плата: 61.590 долари годишно

Електричарите се незаменливи за модерниот свет. Тие обезбедуваат правилна инсталација и одржување на електричните системи, следејќи ги строгите безбедносни стандарди. Оваа професија бара посветеност, практични вештини и лиценца за работа, што гарантира професионализам и квалитет.

 

11. Возачи на тешки возила и камиони со приколка

Просечна плата: 54.320 долари годишно

Овие возачи го движат тркалото на економијата, обезбедувајќи транспорт на стоки низ земјата. Кариерата е идеална за љубителите на патувања и независна работа. Со купување сопствен камион, возачите можат да ги зголемат своите приходи, но истовремено се соочуваат со предизвици како одржување и осигурување.

 

12. Советници за злоупотреба на супстанци, нарушувања во однесувањето и ментално здравје

Просечна плата: 53.710 долари годишно

Овие професионалци нудат поддршка на лица со ментални нарушувања, зависности и проблеми со однесувањето. Работата бара емпатија, разбирање и способност за градење на доверба. Минимум барање е диплома во областа на психологија или социјална работа, а често се потребни и дополнителни лиценци или сертификати.(trn)

Back to top button
Close