130 нови случаи на ковид 19,0, оздравени се 152 пациенти, починати сe 2 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-6, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-4, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-2, Гостивар-18, Струмица-1, Пробиштип-2, Берово-1, Виница-5, Делчево-4 и Кичево-7.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје-87, Куманово-18, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-4, Гостивар-9, Македонски Брод-1, Кичево-5 и Ресен-6.
Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 970, бројката на оздравени пациенти е 9 513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 908.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.