14-годишник се гони кривично за насилство

Против 14-годишно дете од Тетово е поднесена кривична пријава од страна на Секторот за внатрешни работи за насилство. Од МВР соопштуваат дека малолетникот нападнал две деца.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против 14-годишник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.01.2023 во Тетово, пријавениот агресивно се однесувал кон еден малолетник, а со остар предмет нападнал друг малолетник од Тетово и му нанел повреда“, стои во билтенот на МВР

Back to top button
Close