14-годишно дете погодено од залутан куршум во Куманово

МВР извести дека 14-годишен малолетник бил погоден во нога со заскитан куршум.

Случајот е пријавен откако ранетиот малолетник е донесен во кумановската болница. Обвинителството отвори истрага за да се утврди сторителот.

Се истражува дали куршумот стигнал од некоја од матурските забави каде во многу ретки случаи се користи и огнено оружје или пак било стрелано на сосема поинаков настан и од друга причина, пренесе Телма.

МВР објави во дневниот билтен:

На 23.05.2023 во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close