15 годишно дете со автоматскa пушкa го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во кој едно лице загина, а повеќе други беа тешко повредени.

настан.

 

Еден од осомничените и детето, родено во 2010 година, се товари дека со умисла, користејќи автоматски пушки, убиле едно лице и довеле во опасност животот на други присутни. Меѓу повредените има и дете родено во 2012 година, кое било погодено во ногата.

Според обвинителството, по првичните истрели, вториот осомничен и уште едно лице одговориле со оган користејќи пиштоли, при што погодиле уште едно лице во пределот на градниот кош, а куршуми завршиле и во возило на жена чииот живот бил загрозен.

Back to top button
Close