15-годишно момче планирало да нападне црква во Германија, полицијата го уапсила

Ноќта на католички Божиќ, германската полиција приведе 15-годишно момче поради сомнеж дека планирало напад во берлинска црква.

Бидејќи нападот бил планиран да се изврши за време на божиќните празници, а и бидејќи метата била црква, постои и сомнеж за политичка мотивација. Родителите на момчето се од Ирак, а самото тоа било во контакт на мрежата „Телеграм“ со луѓе за кои постои сомнеж дека се дел од Исламската држава, пренесуваат од Tagesschau.

Специјалната единица којашто беше пратена во станот на осомниченото момче не нашла експлозиви и оружје. Исто така, не е јасно дали момчето би го извршило воопшто нападот доколку не беше уапсено.

Back to top button
Close