16 годишно момче најдено мртво во водите на Пена

Шеснаесет годишно дете од Ново село, Општина Желино, утринава е пронајдено мртво во водите на реката Пена, во пределот кој води кон рекреативното место Бањиче.

Детето излегло вчера од својот дом со автомобил, а неговиот татко го пријавил за исчезнат уште синоќа.

Возилото во 2 часот по полноќ било пронајдено паркирано во пределот Бањиче оддалечен на неколку километри од градот на Шарпланинскиот масив.

Поради лошите вечерни услови со густа магла, детето дури утринава било пронајдено во студените води.Повеќе официјални информации од полицијата изјавија дека ќе соопштат во текот на денот.

Back to top button
Close