16 отсто поскапа струја му понуди ЕСМ на ЕВН

ЕСМ му понуди на ЕВН ‘хоум’ купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегават-час која е за околу 16 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер кога ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегават-час“, информираат од ЕВН „хоум“.
Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) му понуди на ЕВН „хоум“ за околу 16 проценти повисока купопродажна цена на електрична енергија за периодот од јануари до јуни следната година во однос на претходната понуда за периодот од јули до декември оваа година.

„ЕВН ‘хоум’ како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023 година, доби само една понуда од АД ЕСМ. ЕСМ му понуди на ЕВН ‘хоум’ купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегават-час која е за околу 16 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер кога ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегават-час“,информираат од ЕВН „хоум“.

Оттаму додаваат дека за цената на струјата на ЕВН „хоум“ во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН ‘хоум’, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем оператор електродистрибуција“,додаваат од ЕВН „хоум“.

За периодот од јуни до декември годинава, во јуни ЕСМ му понуди на ЕВН „хоум“ за 17 проценти повисока купопородажна цена за струјата од претходната, која во периодот од јануари до јуни 2022 година изнесуваше 41 евро за мегават-час.

Back to top button
Close